Цедевита без тренерот Мршиќ во финалето со Црвена звезда

Вељко Мршиќ нема да ја предводи Цедевита на првите две средби од претстојната финална серија во АБА-лигата против Црвена звезда, по суспензијата што му беше изречена на хрватскиот стручњак од страна на спортскиот директор на АБА-лигата. Мршиќ ги критикуваше судиите по последниот дуел со Партизан, на кој неговиот тим славеше во Загреб и се пласираше во големото финале, а според пропозициите на АБА тоа претставува кршење на членот 76.4, за што следи казна од два натпревари.

Ова значи дека Мршиќ нема да може да ја води својата екипа на првите две средби од финалната серија што ќе се играат во Белград. Улогата на шеф на стручниот штаб на овие натпревари ќе му припадне на Италијанецот Џанмарко Поцеко, кој сезонава му е прв асистент на Мршиќ.

Ова е уште еден во низата проблеми за тимот на Цедевита, кој во оваа финална серија нема да може да смета ниту на двајцата одлични кошаркари, Марко Араповиќ и Рајан Боутрајт.

Се вчитува...