Цедевита доведе и наследник на Билан, комплетирана цела нова петорка

Раководството на Цедевита делува решено овој тим конечно да се искачи на тронот на АБА-лигата, па хрватскиот првак комплетираше цела нова петорка, со која ќе се обиде да ја симне Црвена звезда од врвот на регионалното натпреварување.

Цедевита денеска го комплетираше трансферот на Андрија Стипановиќ, долгогодишниот босански репрезентативец кој доаѓа во Загреб од Турција, каде со успех го носеше дресот на Бујукчекмече. Стипановиќ, кој претходно настауваше и за Трабзон, Остенде, Кремоне и Јуве Касерта, во тимот на Цедевита ќе го замени Миро Билан, кој реши да го напушти вицешампионот на АБА-лигата.

Само за потсетување, пред босанскиот центар екипата на Цедевита, која ќе биде предводена од тренерот Јуре Здовц, ги ангажираше и Роко Лени Укиќ, Иван Рамљак, Вил Чери и Деметрис Николс.

Се вчитува...