Цел состав тинејџери, а одиграа како мажи – Шалке загуби од деца

Дека фудбалскиот клуб Ајакс е фабрика кој произведува супер таленти е веќе познат факт со децении. Од академијата заиграле фудбалери кои освојувале европски и светски титули, златни топки и копачки, а на вчерашниот дуел против Шалке докажаа дека се уште имаат таленти кои допрва ќе се докажуваат на терените.

Ајакс вчера беше далеку подобар тим од Шалке, славеа со победа од 2-0 во првиот четвртфинален дуел од Европа лигата, но и играта која ја прикажаа беше убедлива. Неверојатниот податок во целата приказна е фактот дека Ајакс на теренот излезе со играчи од кои ниту еден не е постар од 27 години.

Всушност, дури девет фудбалери имаат 21 или помалку години, при тоа четворица имаат помалку од 19 години.

ajax=schalke222

  

Се вчитува...