Цела сала занеме: Хорор-повреда на Марко Араповиќ (видео)

Цедевита скапо ја плати победата над Партизан, по тешката повреда што Марко Араповиќ ја заработи во второто полувреме од мечот во Загреб. Младиот кошакар тргна да блокира обид за тројка, но притоа се лизна, а при падот заработи скршеница на ногата. Целата сала во еден момент занеме, веднаш беше очигледно дека повредата е многу сериозна, а Араповиќ ги собра аплаузите откако реши со имобилизирана нога да се врати на клупата и да ги бодри своите соиграчи на патот до победата.Според првичните информации, Марко Араповиќ нема да може да игра кошарка до крајот на 2017 година, а неговиот камбек може да се очекува на почетокот од следната година.Веќе во првата минута од вчерашната мајсторка повреда заработи и најдобриот кошаркар на Цедевита, Американецот Рајан Боутрајт, кој ќе паузира минимум десетина дена и ќе пропушти најмалку еден натпревар од финалната серија во АБА-лигата.

Се вчитува...