Комплетна беше сликата за Вардар на вечерашниот меч со Копенхаген. Полни трибини (оние кои беа дозволени од УЕФА) како во старите добри времиња, одлична игра на терен, па во ложата се појави дури и Дарко Панчев.
Директорот на „црвено-црните“ ретко го гледавме на натпреварите на својот клуб, но овојпат легендата на македонскиот фудбал дојде на „Телеком Арена“ за да им даде поддршка на играчите кои гинеа во црвено-црниот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА