Цените во Скопје се лудило - Шпанците кренаа глас - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55
Фудбал
16/11/2017 15:42

Цените во Скопје се лудило – Шпанците кренаа глас

Цените во Скопје се лудило – Шпанците кренаа глас

Навивачите на Реал Мадрид би можеле да допатуваат во Скопје во помал број од предвиденото поради енормното зголемување на цените за сместување во македонскиот главен град на почетокот од месец август. Како што е добро познато, „Телеком Арена“ ќе биде домаќин на Супер-купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, но шпанските фанови се шокирани од енормниот раст на цените.

Така, во своите вчерашните изданија на овој проблем се осврнаа весниците „Марка“ и „Спорт“, потенцирајќи ја огромната разлика во цените за Супер-купот, во однос на оние од остатокот од годината.

Досега вакви цени не се забележани, па така во одредени хотели во близина на центарот сместувањето чини и до 1.500 евра. Проблемот е во тоа што цената е само за Супер-купот на Европа, додека во останатиот дел од годината лесно се наоѓа сместување и за 40-60 евра по лице. Постојат и апартмани за кои се плаќа 2.000 евра по лице за трите дена, а најевтина опција во моментов е делење на соба во хостел за 100 евра од ноќ, што е превисоко“ – пишува „Марка“.

Шпанските медиуми посочуваат дека ваквите цени веќе почнале да ги премислуваат навивачите, кои немаат намера да трошат богатство за меч од Супер-купот на Европа, особено кога во тој период Реал ќе се сретне и со Барселона во рамките од Супер-купот на Шпанија.

Оние поупорните пак најавуваат дека ќе дојдат во Скопје, но само да го следат натпреварот, додека сместување бараат во други градови од Македонија, но и во Солун или Софија, во зависност од летовите од Мадрид.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.