Цепелин и врвни асистенции: Димитријевиќ правеше дар-мар против Андора (видео)

Ненад Димитријевиќ го одигра својот најдобар меч во Ендеса лигата откако против Андора за 12 минути игра младиот македонски плејмејкер во дресот на Хувентуд реализираше девет поени, шест скока и пет асистенции. Димитријевиќ правеше дар-мар против одбраната на Андора, па така нашиот млад ас имаше една асистенција за цепелин, едно додавање зад грб за лесно забивање, како и „пас“ преку цел терен во контранапад.

Згора на тоа, тој погоди и важен шут на стартот од последната четвртина, кога Хувентуд ја градеше предноста, за на крајот тимот од Бадалона да слави со конечни 74-59.

[youtube id=”w4HioIkOvPE” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...