Циндриќ: Никогаш не сме биле поблизу, притисокот е голем

Лука Циндриќ беше „прва виолина“ на Вардар на гостувањето во Фленсбург, но хрватскиот интернационалец е свесен дека „вардарци“ потешкиот дел од задачата ги очекува токму денеска, на реваншот во Скопје против истиот противник. „Црвено-црните“ ќе влезат со два гола предност во овој натпревар, но притисокот поради големите очекувања на јавноста по одличниот прв натпревар ја отежнува задачата за избраниците на Раул Гонзалес.

Никогаш не сме биле поблизу до фајналфор, мораме да размислуваме позитивно во пресрет на овој реванш натпревар. Притисокот е голем поради високите очекувања по нашата победа во Германија. Фленсбург е одличен тим, игра исклучителен ракомет и ќе мораме да се подготвиме физички за нив. Исто така, концентрацијата мора да ни биде на највисоко ниво во текот на сите 60 минути“ – изјави Циндриќ.

Хрватскиот репрезентативец посочи дека многу важно ќе биде на високо ниво да биде одбраната, со која „вардарци“ делуваа моќно во првото полувреме во Германија.

Нашата одбрана 5-1 беше фантастична во првиот натпревар. Не му дозволивме на противникот да направи брзи противнапади, што е нивно главно оружје. Нема премногу време за промени, двата тима многу добро се познаваат, а ситници ќе го решат победникот и патникот во Келн“ – истакна Лука Циндриќ.

Се вчитува...