Црногорецот Бубaња e нов тренер на Победа!

Црногорски стратег Славољуб Бубaња е нов шеф на стручниот штаб на прилепскиот прволигаш Победа.

Клупското раководство во текот на денов ги финишираше преговорите со доскорешниот тренер на Морнар од Бар и тој од понеделник ќе ја преземе работата со екипата која на утрешниот меч со Силекс ќе ја водат помошните тренери Вршкоски, Кебакоски и Стерјоски.

????????????????????????????????????
????????????????????????????????????

Бубaња својот досега најголем успех како тренер го има со тимот на Челик од неговиот роден град Никшиќ со кој во 2012 година го освоил Купот на Црна Гора (година во која е прогласен и за најдобар тренер во Црна Гора), а потоа три години по ред обезбедуваше учество во квалификациите за Лига на Европа. Покрај во Челик како тренер работел уште во црногорскиот тим Јединство Биело Поље и во босанскиот клуб Младост од Обарска.

Бубaња го наследува на клупата на Победа, Зоран Штерјовски кој поднесе оставка по поразот на Победа од Работнички во средата во Прилеп од 2-4.

Се вчитува...