Црногорците останаа без селектор, Богдан Тањевиќ стави крај на кариерата

Селекторот на Црна Гора, Богдан Тањевиќ, се простува од кошарката, откако денес одлучи да се повлече од позицијата и да стави крај на тренерската кариера. Како што се очекуваше, овој Евробаскет за Тањевиќ беше последно натпреварување како селектор на Црна Гора, а поразот од Летонија во осминафиналето е негов последен меч.

70-годишниот Тањевиќ ќе продолжи да влијае во развивањето на кошарката во оваа држава, а ќе има и должност да помага и да им овозможува развој на младите тренери во Цргна Гора.

„Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора изразува голeмa благодарност за господинот Богдан Тањевиќ, кој како голем тренер ја прослави нашата држава, а посебна благодарност му должиме за неговата посветеност во репрезентацијата во изминативе три години. Тањевиќ и натаму ќе биде на чело на тренерската организација, и од таа позитија ќе продолжи да допринесува на црногорската кошарка, како и во усовршувањето на младите тренери во нашиот регион“, стои во соопштението на кошаркарската федерација на Црна Гора.

Легендарниот „Боша“ остави голем белег во европската кошарка. Освојуваше титули низ разни елитни лиги во Европа, од италијанската со Олимпија Милано, па се до турската лига со Фенербахче, Тањевиќ заминуваше како шампион. Најмногу ќе биде запаметен по освојувањето на Евролигата во 1979 година со екипата на Босна Ројал. Покрај Црна Гора, на репрезентативно нивo имаше и долгогодишен ангажман во турската репрезентација, со која во 2010 година го освои сребрениот медал на Светското првенство.

Се вчитува...