Црвена звезда без Антиќ и Дангубиќ ќе се пресмета со ПАО

Тренерот на актуелниот јадрански шампион Црвена звезда, Душан Алимпијевиќ, е на големи маки, со оглед дека на вечерашното гостување против Панатинаикос во Евролигата ќе биде без Перо Антиќ и Немања Дангубиќ.

По тешките пресметки против Валенсија во Евролигата и Морнар во полуфиналето од АБА – лигата, поради замор овие двајца кошаркари се ослободени од обврски.

„Минатата недела одигравме два добри меча против Валенсија и Морнар, одиме растоварени во Атина да одиграме добар натпревар. Панатинаикос е одлична екипа која се бори за топ 8 во Европа, но ние иако со ослабен ростер сакаме да дадеме отпор и да покажеме желба за позитивен резултат. Нема да сметаме на Дангубиќ и на Антиќ за оваа пресметка“, истакна Алимпијевиќ.

„Црвено-белите“ ќе бараат „невозможна“ одмазда за поразот во Белград (63-69). Натпреварот од 27. коло во елитното европско натпреварување ќе се одигра вечерва од 20.15 часот.

Се вчитува...