Црвена звезда до голем бод на „Емирати“ против Арсенал

Фудбалерите на Црвена звезда несреќно загубија од Арсенал во Белград минатото коло, но тоа беше само мотив повеќе за српскиот вицешампион да одигра одлично на вториот меч против „топчиите“ и да остане непоразен на „Емирати“ во Лондон. Вечерашниот дуел заврши без победник, 0-0, откако Арсен Венгер реши да сочува голем дел од првотимци за дуелот со Манчестер сити в недела, а „црвено-белите“ го искористија тоа, па со храбра игра успеаја да стигнат до голем бод со кој остануваат на второто место во групата.

Жиру ја имаше најубавата шанса за Арсенал, додека на спротивната страна и српските фудбалери во неколку наврати опасно се заканија, но младиот голман Мејси имаше свој ден и не дозволи да биде совладан.

Арсенал со ова реми го обезбеди пласманот во нокаут фазата, исто како и Лацио по вечерашната победа од 1-0 над Ница, со голот што го постигна Пароло во самиот финиш од мечот на „Олимпико“.

ГРУПА Г: ФЦСБ (Стеауа) – Хапоел Бер Шева 1-1, Плзењ – Лугано 4-1.

Табела: ФЦСБ 10, Плзењ 6, Хапоел 4, Лугано 3.

ГРУПА Х: Арсенал – Црвена звезда 0-0, Келн – БАТЕ Борисов 5-2.

Табела: Арсенал 10, Црвена звезда 5, БАТЕ Борисов 4, Келн 3.

ГРУПА И: Салцбург – Коњаспор 0-0, Гимараеш – Ол. Марсеј 1-0.

Табела: Салцбург 8, Ол. Марсеј 6, Коња 4, Гимараеш 4.

ГРУПА Ј: Херта – Зорија 2-0, Атлетик Б. – Остерсунд 1-0.

Табела: Остерсунд 7, Зорија 6, Атлетик Б. 5, Херта 4.

ГРУПА К: Лацио – Ница 1-0, Витесе – Цулте Варегем 0-2.

Табела: Лацио 12, Ница 6, Цулте Варегем 4, Витесе 1.

ГРУПА Л: Реал Сосиедад – Вардар 3-0, Розенборг – Зенит 1-1.

Табела: Зенит 10, Р. Сосиедад 9, Розенборг 4, Вардар 0.

Се вчитува...