Црвена звезда е во криза, Будуќност избори мајсторка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Црвена звезда е во криза, Будуќност избори мајсторка

Црвена звезда е во криза, Будуќност избори мајсторка

Резултатската криза на Црвена звезда уште повеќе се продлабочи откако по двата порази во низа во Евролигата „црвено-белите“ вечерва загубија и во втората полуфинална пресметка од АБА против Будуќност (63-57), па сега ќе мора преку мајсторка да го визираат пласманот во големото финале. Црногорците влегоа во мечот максимално мотивирани по трите овосезонски порази од бранителот на трофејот, а без Маркус Вилијамс (кој беше отпуштен пред неколку дена) одбраната на Будуќност делуваше многу посериозно, успевајќи да ги неутрализира главните оружја на гостите од Белград.

Стефан Јовиќ се врати по повредата во тимот на Црвена звезда, но на самиот почеток стана јасно дека плејмејкер е далеку од посакуваниот ритам, поради што потоа не ни влегуваше во игра. Првата четвртина мина во израмнета игра со многу промашени шутеви на двете страни, завршувајќи 13-13, за потоа Будуќност предводен од Савовиќ да доминира во вториот дел и на одмор да замине со „плус десет“ (33-23). Црвена звезда се обидуваше со шутеви од далечина да се врати во натпреварот, но избраниците на Радоњиќ беа очајни во овој елемент од играта. На пет минути до крајот гостите дојдоа на „минус пет“ (52-47), но по тајмаутот на Зурос домаќините повторно добија на сигурност и рутински го приведоа мечот до крај.

Савовиќ со 15 и Гордиќ со 12 поени беа најефикасни кај црногорскиот шампион, додека кај Црвена звезда единствена светла точка беше Гудуриќ со 17 постигнати поени.

Мајсторката меѓу Црвена звезда и Будуќност за пласман во големото финале од АБА-лигата ќе се игра на 4 април (вторник) во Белград со почеток во 20 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.