Црвена звезда остана и без Марко Симоновиќ

Продолжува егзодусот од Црвена звезда откако уште еден од лидерите на шампионот на АБА-лигата реши да го напушти таборот на „црвено-белите“. Станува збор за Марко Симоновиќ, кој ја прифати понудата за преселба во Русија и својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Зенит.

Зенит го позадравува Марко Симоновиќ и му посакува нови победи во сино-белиот дрес“ – порача клубот од Санкт Петербург на својата официјална веб-страница.

Крилниот кошаркар имаше фантастични настапи минатата сезона во Евролигата, што беше доволна препорака за ново заминување од Црвена звезда. Претходно првакот на АБА-лигата го напуштија Лука Митровиќ (Бамберг) и Чарлс Џенкинс (Химки), а близу до заминување е и плејмејкерот Стефан Јовиќ, кој се наоѓа пред трансфер во Баерн Минхен.

Се вчитува...