Црвена звезда: Перо, добредојде во својот втор дом…

Веќе нема никакви дилеми, Црвена звезда е клубот чии бои ќе ги брани Перо Антиќ во следната натпреварувачка сезона откако „црвено-белите“ вечерва го официјализираа трансферот на најдобриот македонски кошаркар.

За Антиќ ова ќе претставува враќање во клубот што го смета за свој омилен, а чиј дрес го носеше во 2006 и во 2007 година, кога се закити со трофејот во Купот на Србија. Тој имаше уште една година од договорот со Фенербахче, но „црвено-белите“ добија зелено светло од актуелниот европски првак за да го финишираат овој трансфер.

Некогашниот играч на Црвена звезда, Перо Антиќ, се враќа во нашиот клуб откако потпиша едногодишен договор. Враќањето на Антиќ во саканиот клуб ќе им донесе на „црвено-белите“ голем квалитет, но и огромно искуство што Антиќ го градеше низ успешната кариера во Европа и во САД. КК Црвена звезда сака да ја искористи можноста за да му искаже благодарност за разбирање на Жељко Обрадовиќ, како и на КК Фенербахче. Перо, добредојде во својот втор дом – Црвена звезда“ – се вели во соопштението на шампионот на АБА-лигата.

Се вчитува...