Црвена звезда се мачеше, па ја „растури“ Валенсија

Црвена звезда по дебаклот од Барселона (88-54), триумфираше над Валенсија со резултат од 106-90, во 26. коло во Евролигата. „Црвено-белите“ добро се намачија за позитивниот исход откако шпанскиот состав беше рамноправен противник во првиот дел од средбата. За победата допринесе и искуството на Перо Антиќ, во клучен момент ја постигна својата прва тројка по која Звезда оствари сигурна предност.

Гостите го направија првиот потег во воведните минути поведувајќи со (17-9), но Звезда за брзо се врати од малиот шок. Кошаркарите на Душан Алимпијевиќ израмнија до крајот на првиот период. Вторите 10 минути припаднаа на белградскиот состав, меѓутоа со минимални 27-25, односно 50-48 гласеше резултатот со кој се замина на пауза. Третата четвртина се покажа како клучна за триумфот на Звезда, јадранскиот шампион реализираше неколку шутеви од линијата за три, па Валенсија се најде во проблеми при -12 негатива. Во одлучувачкиот период домаќините ја завршија работата продолжувајќи во ист ритам до последен момент.

Вечерта припадна на Џејмс Фелдин, кој со 30 поени, три скока и две украдени топки беше најефикасниот кошаркар во 11. побеза за Црвена Звезда сезонава. Рочести исто така расположен, додаде 17 поени, Лесор 16. Перо Антиќ остана со единствената реализирана тројка по која Звезда направи +12 по крајот на третиот период. За тимот на Валенсија, Рафа Мартинез постигна 22 поени, Састре и Грин додадоа по 16 поени.

Се вчитува...