Црвено-белите бои секогаш „магнет“ и за Дарко Панчев (ФОТО)

Црвено-белите бои очигледно секогаш се добар „магнет“ и за Дарко Панчев. Македонскиот фудбалер на векот вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го следи дуелот од АБА лигата меѓу Карпош Соколи и белградска Црвена Звезда.

Панчев, кој токму во дресот на Црвена Звезда, ги достигна своите најголеми фудбалски височини, овојпат во живо ја следи и кошаркарската „секција“ на еден од своите омилени клубови. На трибините во „Борис Трајковски“ е и најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ, кој исто така во минатото го носеше црвено-белиот дрес…

Се вчитува...