„Црвено-црна“ анимација пред неделното дерби: „Вардарци“ меѓу дечињата и од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“

По посетата на средното училиште Васил Антевски – Дрен, денеска дел од вардаровите фудбалери беа и меѓу основците од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, во Кисела Вода во Скопје.

Евгениј Новак, Никола Глигоров, Филип Гачевски, Бесир Демири и Стефан Спировски имаа можност да ги израдуваат дечињата од ова училиште, да им подарат маици од ФК Вардар, да се фотографираат со нив… се како начин за доближување на црвено-црните бои до најмладите.

vardarci 3

„Чест е и задоволство денеска да се биде тука покрај овие дечиња. Нема поубаво нешто од искрена детска насмевка, и ние сме многу горди што успеавме да ги израдуваме учениците од ова училиште. Тие не вратија низ времето кога и ние бевме на ученичките клупи“, вели Никола Глигоров.

vardarci 2

Вардар во недела го чека дерби дуелот против Шкендија во рамките на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига. Натпревар кој може да го отвори патот на „вардарци“ кон шампионската титула и оваа година.

Се вчитува...