ЦСКА ја понижи Барса среде Каталонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
20/07/2017 13:57
Фудбал
20/07/2017 13:14
Кошарка
20/07/2017 12:02
Фудбал
20/07/2017 8:51

ЦСКА ја понижи Барса среде Каталонија

ЦСКА ја понижи Барса среде Каталонија

ЦСКА Москва ја демолираше Барселона среде Каталонија со преубедливи 61-85, меч со кој европскиот првак уште повеќе ја зголеми мизеријата на поранешниот европски првак, носејќи го тренерот Барцокас на работ на амбисот. Рускиот гигант одигра неверојатна прва четвртина во која го декласираше домаќинот со неверојатни 4-29. Останатите 30 минути беа само рутина за избраниците на Итудис, кои на крајот славеа со убедливи 24  поени разлика.

Ваквиот развој на настаните му овозможи на Итудис дури и да ги одмори своите најдобри кошаркари, па така и Теодосиќ и Де Коло минаа под 25 минути на теренот. На крајот најефикасни кај европскиот шампион беа Де Коло со 21 и Курбанов со 12 поени.

Анадолу Ефес по тешка битка и продолжение од пет минути успеа да слави во Русија над Уникс Казан со 92-99. Домаќините со поените на Кит Ленгфорд во последната секунда го одведоа мечот во продолжение, но Ефес одигра перфектно во дополнителните пет минути и заслужено стигна до победата. Дерик Браун со 24 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Ленгфорд вообичаено беше прв стрелец на Уникс Казан, реализирајќи 23 поени.

Интересно беше на натпреварот меѓу Дарушафака и Панатинаикос, на кој по голема борба славеше домашниот тим со 77-72. ПАО на три минути до крајот имаше предност од 70-72, но „зелените“ до самиот финиш не постигнаа ниту еден единствен поен, па на триумфот на крајот се радуваа избраниците на Дејвид Блат. Бредли Вонамејкер одигра одличен меч со 24 поени за Дарушафака, додека Синглтон со 23 поени беше најефикасен кај Панатинаикос.

По оваа победа ЦСКА се израмни со Реал Мадрид на делба на првото место со идентичен скор 18-6, додека Барса падна на очајното 11. место со девет победи и 15 порази сезонава, со само теоретски шанси за пласман во четвртфиналето од Евролигата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.