ЦСКА лесно ја освои Германија, ПАО падна во Литванија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

ЦСКА лесно ја освои Германија, ПАО падна во Литванија

ЦСКА лесно ја освои Германија, ПАО падна во Литванија

ЦСКА Москва ја продолжи серијата добри игри и резултати во Евролигата, триумфирајќи на гостувањето во Германија против Брозе баскет со 76-92. Домаќините одлично парираа во првото полувреме, па откако на одмор се замина со минимални 39-42 рускиот гигант заигра фуриозно во третиот период, предводен од Хигинс и од Де Коло стигна до двоцифрена предност што потоа знаеше како да ја задржи.

Де Коло повторно беше најефикасен кај ЦСКА Москва со 20 поени, Клибурн постигна 15, а Родригез 14 поени, додека прв стрелец на Брозе беше Рубит со 16 поени.

Жалгирис во максимално израмнет натпревар успеа да триумфира над Панатинаикос со 80-74. ПАО ја заврши првата четвртина со предност од 10-20, но потоа литванскиот шампион заигра фуриозно, ги доби следните 20 минути игра со 54-27, па можеше да си дозволи и пад на концентрацијата во завршната четвртина и сепак да стигне до цел плен. Јанкунас со 17 поени беше најефикасен кај Жалгирис, а одличен беше и плејмејкерот Пангос, реализирајќи 12 поени и 11 асистенции.

Басконија во шпанската пресметка по голема битка ја совлада Уникаха со 88-82, Макаби ја реши Валенсија со 94-91, додека до гостински триумф стигна Химки, славејќи во Италија над екипата на Милано со 71-77.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.