ЦСКА Москва во проблеми: Без Вестерман на неодредено време

Кошаркарскиот евролигаш ЦСКА Москва потврди дека нивниот плејмејкер, Лео Вестерман, ќе отсуствува од терените на неодредено време, откако пред два дена се повреди на мечот против ВЕФ Рига, во рамките од ВТБ лигата.

Францускиот организатор на игра во последните минути од мечот го повреди бутниот мускул по судир со противнички играч, по првите медицински прегледи беше утврдено дека ќе биде потребна операција за да се отстрани хематомот, а вчера во Москва беше успешно опериран.

Кога Вестерман би се вратил на кошаркарските терени ќе се знае откако целосно ќе заврши процесот на рехабилитација, а дотогаш ЦСКА Москва ќе мора да се справува со противниците без негова помош.

Вестерман сезонава има учинок од 4.5 поени и 2.3 асистенции по натпревар во Евролигата по првите четири кола, а просечно минуваше по 16 минути на паркетот.

Се вчитува...