ЦСКА Москва за гол подобра од Црвена Звезда, оди понатаму во Лигата на Европа

Рускиот тим ЦСКА Москва успеа да ја елиминира Црвена Звезда во Лигата на Европа, совладувајќи го српскиот претставник со 1-0 во реваншот што се одигра во Русија. Првиот дуел во Белград заврши без голови, па „армејците“ го продолжуваат патот во второто по ранг европско натпреварување.

Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Алан Џагоев во последните моменти од првото полувреме. Тој на рутински начин ја реализираше шансата што му се укажа и го совлада голманот на „црвено-белите“, Милан Борјан. Во завршницата од мечот, Црвена Звезда имаше две убави шанси за погодок, кои не успеа да ги реализира.

Инаку, овој натпревар се играше на поларни услови во Москва, температурата изнесуваше – 12 степени Целзиусови.

Се вчитува...