ЦСКА подобра од Жалгирис за четврта победа во Евролигата

Кошаркарите на ЦСКА Москва ја запишаа и четвртата победа сезонава во Евролигата, славејќи во својот петти натпревар против Жалгирис со 94-91 (22-19,29-17,18-26,25-29).

По почетната мала неизвесност и рамноправност во првата четвртина, Русите комплетно доминираа во вториот период создавајќи предност и од 15 поени разлика со што ја најавија победата против Жалгирис.

Во второто полувреме успеја да ја задржат создадената предност, и покрај тоа што гостите се обидеа да дојдат до пресврт. Но во задоцнет финиш единствено што се изборија е за чесен пораз од 94-91.

Предводник во победата на ЦСКА беше Нандо Де Коло со „дабл-дабл“ ефект од 25 поени и 10 скока, додека Вил Клибурн мечот го заврши со 26 поени. Во поразениот тим на Жалгирис се издвои Василије Мичиќ со 20 поени, додека Улановас запиша 14 поени.

Се вчитува...