Тунижаните нервозни… поради македонските новинари

ЕКИПА во Мец,

Стеван Цаневски и Билјана Благоеска Петрушева

Поголемиот дел од македонските новинари во Мец престојуваат во хотелот „Меркури“ во центарот на францускиот град, но од овој податок непријатно беа изненадени репрезентативците на Тунис, кои се сместени во истиот хотел. Ракометарите уште од вчера пристигнале во „Меркури“, но денеска со доаѓањето на раководството на федерацијата дојде и до нервоза – откако Тунижаните дознале за присуството на Македонци, па уште и новинари на нивниот спрат.

Веднаш се крена тревога, следеа и закани со жалба до ИХФ, поради пропустот на хотелот кој дефинитивно не смееше да дозволи вакво нешто.

На крајот сепак страстите се смирија, откако беше договорено новинарите во текот на утрешниот ден да се преселат на друг спрат, а првиот да остане „резервиран“ само за Тунис.

Се вчитува...