Турците не го забораваат Антиќ: Перо Баба се врати…

Црвена звезда вечерва му гостува на Фенербахче, а во фокусот на вниманието е Перо Антиќ, кој се враќа во Истанбул на дуел со клубот со кој пред половина година стигна до титулата во Евролигата.

Турските фанови не го забораваат придонесот на Антиќ во извонредната сезона на Фенер, па при загревањето тие ја испеаја својата навивачка песна за Македонецот, а зад еден од кошевите се појави и транспарент: Чувај си ја брадата, Перо Баба се врати! – како порака до Џиџи Датоме.

Се вчитува...