Турците не можат да веруваат: Вардар со буквално еден шут постигна два гола!

Од редовите на Фенербахче, но и од страна на турските медиуми, не може да веруваат дека нивниот тим беше поразен со 2-0 на „Телеком арената“ од Вардар во првиот натпревар од плеј-оф квалификациското коло за Лигата на Европа.

Речиси сите турски медиуми ги споделуваат статистичките показатели од натпреварот. За нив најинтересно е што Вардар имаше буквално само еден шут во рамките на противничкиот гол а постигна два гола. Ако се знае дека вториот погодок беше автогол на Топал. Наспроти Фенербахче кој имаше 13 шута кон голот на Гачевски, од кои 7 во рамките на голот…

statistika 3

Турскиот клуб имаше и 73% посед на топка, наспроти 27% на Вардар, како и пет корнери наспроти македонскиот шампион.

„Кога ќе погледнете една ваква статистика, дали може да поверувате дека ете сте загубиле со 2-0?“ – пишуваат турските медиуми.

statistika 2 

Се вчитува...