Турците се кандидираа за организатори на ЕП 2024

Фудбалската федерација на Турција потврди дека поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во фудбал за 2024 година. Турците имаа желба да го организираат и ЕП 2020, но потоа ја повлекоа кандидатурата откако УЕФА одлучи да биде организирано во 13 различни земји.

Покрај Турција, засега интерес за организација на шампионатот на Стариот континент покажа и Германија.

Се вчитува...