У-17: Девојките поразени (0-6) и од Р. Ирска - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

У-17: Девојките поразени (0-6) и од Р. Ирска

Нашите репрезентативки до 17 години доживеаја уште еден убедлив пораз во квалификациската група за пласман на ЕП 2013 која се одржува во Турново и во Струмица.

 

Избраничките на селекторот Тоше Начев, по убедливиот пораз на стартот во квалификациската Група 2 од Италија со 6-0, денеска на стадионот „Младост“ во Струмица сосема идентично загубија и од селекцијата на Република Ирска. Головите за Ирките ги постигнаа Клара Шејн во 15., 44. и 79. минута, Амбер Берет во 7. минута, Гема МекГинис во 18. минута и Ен Монаган во 80. минута.

 

Македонија на натпреварот против Р. Ирска настапи во следниот состав: Арсова, Миленкова, Веселинова, Спасова, Жаркова (60’ Јанчева), Аѓулеска, Ѓошева (26’ Кокаловска), Тодоровска, Јаковска, Ристовска (75’ Настовска), Стојковска.

 

Последниот натпревар во групата на 15. октомври го играме против селекцијата на Романија.

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2012 – ГРУПА 2 (ДЕВОЈКИ ДО 17 ГОДИНИ)

РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО

Р. Ирска – Македонија 6-0

Романија – Италија 3-2

 

ТАБЕЛА: Р. Ирска 6 бода, Романија 3, Италија 3. Македонија 0. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.