У-18: Пораз од Турција (1-2) во првиот контролен натпревар

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години загуби денеска со 1-2 (0-1) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од соодветната селекција на Турција во првиот од двата предвидени пријателски натпревари.

Гостите поведоа со голот на Егехан Ѓок уште од 7. минута, а до 0-2 стигнаа со погодокот на Чагатј Јилмаз во 79. минута. Единствениот гол за македонската селекција го постигна Марко Ѓорѓиевски во 85. минута од средбата.

Во 15. минута од натпреварот Македонија не реализираше и удар од белата точка преку Енис Фазлагиќ.

u18 makedonija so turcija

Македонија на натпреварот настапи во следниот состав: Денковски, Хајдари, Антовски, Симоновски, Османовски, Сефо (80′ Гроздановски), Колевски (80′ Наумовски), Фазлагиќ, Ѓорѓиевски, Перчевски, Трајкоски (54′ Љума).

Следниот натпревар меѓу двете селекции ќе се игра во четврток (23. ноември) од 13 часот исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...