У-18: Реми со Украина на силниот турнир „Четири нации“ во Летонија

Младата репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ремизираше (1-1) против силната Украина на турнирот „Четири нации“ кој се игра во Рига, Летонија.

Димитар Митровски во 25. минута го постигна голот за Македонија со кој поведовме, а Украинците со гол во второто полувреме успеаја да израмнат.

Младата селекција предводена од Вујадин Станојковиќ на турнирот во Рига ја очекуваат уште два натпревари, против Норвешка и против домаќинот Летонија.

Македонија до 18 години: Христијан Стевковски, 2. Тодор Тодоровски, 3. Филип Антовски, 4. Бане Маневски (Христијан Делевски 75`), 5. Агрон Руфати, 6. Кирил Ристовски (Антонио Митрев 75`), 7. Марко Феруковски (Дарко Чурлинов 54`), 8. Енис Фазлагиќ, 9. Никола Богдановски (Бојан Колевски 54`), 10. Димитар Митровски, 11. Кристијан Трпановски (Борче Ласков 63`).

Се вчитува...