У-19: Македонија со голот на Атанасов ја совлада Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја совлада соодветната селекција на Бугарија со 1-0 на првиот од двата пријателски натпревари што се одигра на тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје. Јани Атанасов од пенал во 11. минута беше стрелец на единствениот погодок на оваа средба.

Нашата селекција имаше убава можност и да го удвои водството, но ударот на Трапановски го одбрани гостинскиот голман. Бугарската репрезентација иако на моменти имаше поголем посед на топка, реално не создаде сериозна шанса за израмнување.

Вториот меч помеѓу двете селекции се игра в четврток од 11 часот.

Се вчитува...