У-19: Надежите на Станојковиќ го „мелат“ Лихтенштајн…

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години која веќе обезбеди пласман во елитната квалификациска рунда на УЕФА за пласман на ЕП, во последниот натпревар од квалификациите убедливо води со 3-0 против Лихтенштајн по првото полувреме.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ по само седум минути игра имаа предност од 2-0, со головите на Чурлинов во 3. минута и Колевски во 7. минута. Митровски во 25. минута го постигна и третиот погодок за водство од 3-0 на полувремето.

Во вториот натпревар, на полувремето Белгија води со Швајцарија со 3-1, по што е мнгоу блиску да биде вториот патник од нашата група во елитната рунда квалификации.

Се вчитува...