У-19: Пораз од Азербејџан на вториот тест во Баку

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години загуби на вториот пријателски натпревар во Баку, од Азербејџан со 1-0.

По триумфот на првата меѓусебна тест средба со идентични 1-0, овој пат Азербејџанците им се реваншираа на избраниците на Вујадин Станојковиќ. Македонија повторно беше подобар противник, не успеа да искористи неколку 100% можности за гол, по што во второто полувреме следела казната.

Македонија на овие два тест натпревари во Баку настапи без тројца свои клучни фудбалери, Дарко Чурлинов, Димитар Митровски и Елиф Елмас.

Се вчитува...