У-19: Селекцијата на Станојковиќ подобра од Азербејџан во Баку (ФОТО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
26/06/2017 10:05
Останато
25/06/2017 20:21
Фудбал
25/06/2017 11:43
Кошарка
25/06/2017 10:28

У-19: Селекцијата на Станојковиќ подобра од Азербејџан во Баку (ФОТО)

У-19: Селекцијата на Станојковиќ подобра од Азербејџан во Баку (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години славеше на првиот од двата предвидени пријателски натпревари против соодветната селекција на Азербејџан во Баку.

Тест дуелите со Азербејџан треба да бидат една од финалните подготовки за селекцијата на Вујадин Станојковиќ пред квалификациите за ЕП. На првиот тест вчера Македонија славеше со 1-0 со голот на Бојан Колевски во 75. минута од средбата.

mladi do 19 godini 2

Македонија во Баку е без тројца од своите најдобри поединци, Дарко Чурлинов, Елиф Елмас и Димитар Митровски, сепак, одигрувајќи квалитетен дуел за заслужен триумф. Следниот пријателски натпревар меѓу Македонија и Азербејџан се игра утре од 15 часот.

mlada selekcija do 19 godini so azerbejdzan

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Азербејџан – Македонија 0-1 (0-0)

Стрелец: Бојан Колевски 75`

МАКЕДОНИЈА: Христијан Стефковски, Тодор Тодоровски, Михаил Маневски (Христијан Делевски 85`), Бане Маневски (Филип Стојчевски 46`), Аргон Руфати, Антонио Митрев, Марко Ферукоски, Бојан Миовски (Марио Станковски 66`), Никола Богдановски, Енис Фазлагиќ, Кристијан Трапановски (Кирил Ристовски 66`)

Селектор: Вујадин Станојковиќ

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.