Убава предност за Спортинг, Ристовски стартер против Плзен

Спортинг Лисабон обезбеди предност од 2-0 против Плзен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа што го одигра на домашен терен. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше стартер во португалскиот тим и одлично го одигра целиот меч, а двоен стрелец за „зелено-белите“ беше Фреди Монтеро. Тој првиот гол го постигна во 45.минута, а на 2-0 зголеми на самиот старт од вториот дел.

Олимпик Марсеј со 3-1 на „Велодром“ го совлада Атлетик Билбао. Окампос и Паје брзо го доведоа домашниот тим во водство од 2-0, а Ариц Адуриз намали од пенал на истекот од првото полувреме. Во вториот дел, Окампос уште еднаш се запиша меѓу стрелците за конечни 3-1.

Лајпциг славеше со 2-1 против Зенит, а сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Брума и Тимо Вернер стрелаа за германскиот бундеслигаш, но Доминико Кришчито во 86.минута сепак постигна многу значаен гол за рускиот состав пред реваншот во Сант Петербург.

Лацио на „Олимпико“ одигра 2-2 против Динамо Киев. Гостите први поведоа во 52.минута преку Циганков, но само две минути подоцна израмни Чиро Имобиле, а Фелипе Андерсон во 62.минута донесе предност за „лацијалите“. Сепак, Жуниор Мораеш повторно го израмни резултатот на 2-2, што на крајот беше и конечен епилог.

Лига Европа: Спортинг Лисабон – Плзен 2-0, Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао 3-1, Лајпциг – Зенит 2-1, Лацио – Динамо Киев 2-2. Реваншите се на 15.март.

Се вчитува...