Убавец со шест гола на „Стемфорд бриџ“, Манџукиќ му донесе триумф на Јуве

Челси и Рома на „Стемфорд бриџ“ одиграа прекрасен меч, исполнет со многу голови и пресврти, а на крајот ремизираа 3-3. Англискиот првак поведе со 2-0, со головите на Давид Луиз и на Еден Азар, но Коларов возврати до крајот на првиот дел. Потоа на сцена стапи Един Џеко кој со два гола и донесе предност за Рома.

Азар исто така погоди по вторпат, за да му донесе еден бод на Челси во одличниот дуел што се одигра во Лондон.

Стефан Ристовски воопшто не беше во составот на Спортинг Лисабон, а португалскиот тим дури во финишот го положи оружјето во Торино и загуби со 2-1. Спортинг Лисабон прв поведе во 12.минута, со автоголот на Алекс Сандро, а Миралем Пјаниќ израмни со прекрасен гол од слободен удар. Јувентус долго се мачеше да стигне до победа и конечно успеа Марио Манџукиќ да постигне гол во 84.минута, по центаршутот на нововлезениот Даглас Коста.

Барселона и со играч помалку, поради исклучувањето на Жерар Пике, го совлада Олимпијакос со 3-1. Николау си даде автогол за отворање на резултатот, а во вториот дел Лионел Меси и Лукас Диње зголемија на 3-0. На крајот Николау ја погоди и мрежата на Барселона за конечни 3-1.

Пари Сен Жермен се прошета низ Брисел и го совлада Андерлехт со 0-4. Мбапе, Кавани, Нејмар и Ди Марија стрелаа за „светците“ на овој меч.

Баерн Минхен е германска машина под раководство на Јуп Хејнкес. Баварскиот тим го совлада Селтик со 3-0. Томас Милер го отвори резултатот, а потоа стрелаа и Кимих и Хумелс.

Миле Свилар стана најмлад голман во историјата на ЛШ, но малку повозрасниот Маркус Рашфорд го совлада на неверојатен начин и му донесе триумф на Манчестер јунајтед на гости против Бенфика со 0-1. Тој успеа да биде прецизен во 64.минута, но само благодарение на големиот кикс на младиот голман Свилар. Во самиот финиш Луизао заработи и исклучување.

Лига шампиони, резултати

Група А: Бенфика – Манчестер јунајтед 0-1, ЦСКА Москва – Базел 0-2

Група Б: Андерлехт – ПСЖ 0-4, Баерн Минхен – Селтик 3-0

Група Ц: Челси – Рома 3-3, Карабах – Атлетико Мадрид 0-0

Група Д: Барселона – Олимпијакос 3-1, Јувентус – Спортинг л. 2-1

Се вчитува...