Убедлив пораз на Костоски со Питешт на стартот од плејофот

Александар Костоски имаше неуспешен старт на плејофот во романскиот шампионат откако со својот тим Питешт претрпе убедлив пораз од 84-61 на гостувањето против Стеауа. Домаќинот премногу лесно ја оправда фаворитската улога, уште во првата четвртина поведувајќи со 27-18, па потоа зголемувајќи ја предноста како што одминуваше времето.

Македонскиот плејмејкер не беше во својот вообичаен ритам, па натпреварот го заврши со осум поени (3/8 од поле), четири асистенции и по три украдени и загубени топки.

Вториот натпревар од оваа четвртфинална серија на програмата е в четврток со почеток во 19 часот.

Се вчитува...