Убедлив пораз на ЖРК Металург во Шпанија

Ракометарките на ЖРК Металург претрпеа убедлив пораз од 31-14 на гостувањето во Малага против Ринкон Фертилидад, во рамките од третото коло во Челинџ-купот. Како апсолутни аутсајдер, Металург се согласи двете средби да ги одигра на гостински терен во Шпанија, а домашниот тим веќе на самиот почеток од првиот натпревар јасно стави до знаење колкава е разликата во квалитет.

Малага доминираше од стартот на дуелот, првото полувреме го заврши со предност од 17-8, за шпанскиот тим на крајот да триумфира со убедливи 17 гола разлика.

Гајиќ со пет погодоци беше најефиксна во редовите на ЖРК Металург, пред Стефановска и Калајџиевска со по два постигнати гола. Втората средба се игра в недела, со почеток во 12 часот.

Се вчитува...