Убедлив триумф за Талески, пораз за Миркуловски

Рајн Некар Левен оствари уште еден убедлив триумф во Бундес-лигата совладувајќи го на домашен терен Гопинген со 31-20. Со тоа „лавовите“ го чуваат првото место на табелата во германскиот шампионат, Македонскиот репрезентативец Филип Талески во овој триумф учествуваше со еден погодок, а најефикасен беше Хендрик Пекелер со седум гола.

Филип Миркуловски и Вецлар доживеаја пораз на гости кај Фленсбург (34-27). По овој пораз, Вецлар се наоѓа на деветтата позиција на табелата со 22 бода.

Се вчитува...