УЕФА: Благодариме Македонија, фантастични домаќини на Суперкупот 2017!

Скопје и Македонија дефинитивно зад себе го оставаат најголемиот спортски настан во историјата кој се одржал на наше тло. И тоа повеќе од успешна заокружена приказна која наиде веднаш по нејзиното завршување и од искрени честитки од страна на Европската куќа на фудбалот.

Преку сопствените официјални социјални мрежи, УЕФА им се заблагодариме на Скопје и Македонија за гостопримството потенцирајќи ја фантастичната организација на Суперкупот 2017.

„Благодариме Скопје, Македонија. Фантастични домаќини на Суперкупот 2017“ – се вели во пораката од УЕФА до македонската јавност…

И првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин веднаш по спектаклот пред претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев уште еднаш го потенцирале задоволството од беспрекорната организација и домаќинство на еден од најголемите светски фудбалски клупски настани оваа година.

Се вчитува...