УЕФА го објави „тимот на векот“, доминираат Барса и Реал

УЕФА по повод почетокот на гласањето на најдобрите фудбалери за 2017 година го објави и тимот од најдобрите играчи во 21. векот, според бројот на гласовите што ги добивале од 2001 година па се досега.

Во овој избор доминира Барселона, со оглед на фактот дека дури пет каталонци се најдоа меѓу најдобрите единаесетмина, и тоа Пике, Иниеста, Меси, Пујол, Чави и Меси. Во нападот се најде место и за Тиери Анри, кој неколку сезони настапуваше за Барса, но своите најдобри фудбалски денови ги мина во дресот на Арсенал.

Зад Барселона најзастапен во „тимот на векот“ на УЕФА е Реал Мадрид, со Касилјас (сега во Порто), Рамос и Роналдо како свои претставници.

Покрај овие девет претставници, дрим-тимот го сочинуваат уште Стивен Џерард и Филип Лам.

Се вчитува...