УЕФА ќе донира по 800.000 евра за секој клуб во регионалната лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/06/2017 17:17
Коментари
26/06/2017 14:20
Кошарка
26/06/2017 12:31
Фудбал
26/06/2017 10:05

УЕФА ќе донира по 800.000 евра за секој клуб во регионалната лига

УЕФА ќе донира по 800.000 евра за секој клуб во регионалната лига

Раководството на УЕФА е подготвено да донира 19,2 милиони евра само за „мотивација“ на клубовите да земат учество во регионалната лига, чиј старт се очекува во 2018 година. Српските и словенечките клубови барем засега со „ладни изјави“ го коментираа ова натпреварување поставувајќи го прашањето кој би ги покрил трошоците, а европската куќа на фудбалот веќе ставила до знаење како планира да го иницира ова натпреварување.

Идејата на УЕФА е тоа да биде Балканска лига и во неа да учествуваат 24 клубови. Секој од нив би добил по 800.000 евра, плус дополнителни премии во зависност од пласманот. Покрај оваа сума, клубовите ќе можат да располагаат и со парите што би ги добиле од ТВ-правата, но тоа е нешто за што самите тие ќе треба да преговараат“ – пишува хрватскиот весник “Вечерњи лист“.

Челниците на УЕФА се свесни за огромниот пад на фудбалот во регионот, па ќе настојуваат со ваква финансиска инјекција и натпреварување кое дефинитивно ќе биде поквалитетно од домашните лиги, да го запрат тонењето на овој спорт на просторите на поранешна Југославија.

Според првичните планови идејата беше Вардар да биде единствен претставник од Македонија, но доколку лигата навистина стартува со 24 клубови, не се исклучува можноста нашата земја да добие уште една екипа во Балканската лига.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.