УЕФА не простува: Вардар казнет со 30.000 евра

УЕФА денеска и официјално му изрече казна на Вардар, откако против македонскиот првак уште пред крајот на минатата година беше покрената дисциплинска постапка поради инцидентите направени од страна на навивачите за време на дуелот со Розенборг, одигран на 7 декември.

Тоа беше последниот натпревар на „црвено-црните“ од групната фаза од Лигата на Европа, при што беше освоен и првиот бод (1-1), но европските „дисциплинци“ акцент ставија на однесувањето на фановите, одредувајќи казна од 30.000 евра што „вардарци“ ќе мораат да ја платат.

Како што беше објавено од страна на УЕФА, македонскиот шампион е казнет за користење на пиротехнички средства, фрлање на предмети на теренот и за недоволно добра организација.

Се вчитува...