УЕФА: Осум „кралеви“ во идеалниот тим на сезоната на ЛШ

Реал Мадрид сосема очекувано по освоената европска круна доминира и во „Тимот на сезоната“ што денеска го обелодени УЕФА, а во кој „кралевите“ имаат дури осум од вкупно 18-те фудбалери кои ја одбележаа оваа сезона во елитното европско натпреварување.

Покрај Кристијано Роналдо, кој беше човек на одлука во нокаут фазата, како и во големото финале, во „Тимот на сезоната“ што го објави европската куќа на фудбалот се најдоа уште и Иско, Модриќ, Крос, Кашемиро, како и дефанзивците Серхио Рамос, Дани Карвахал и Марсело.

Јувентус има тројца претставници во овој дрим-тим, и тоа Џанлуиџи Буфон, Леонардо Бонучи и Миралем Пјаниќ, додека Лионел Меси, кој е најдобар стрелец сезонава во ЛШ, е единствениот претставник на Барса.

tim na sezona

Се вчитува...