УЕФА подготвува нова казна за албанскиот шампион Скендербег - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

УЕФА подготвува нова казна за албанскиот шампион Скендербег

УЕФА подготвува нова казна за албанскиот шампион Скендербег

На почетокот на летото, Скендербег доби казна од УЕФА која одлучи да го суспендира од меѓународната сцена. Албанскиот шампион го загуби местото во квалификациите за Лигата на шампиони, а неговото место го зазеде вицешампионот Партизани. Скендербег доби суспензија поради местење на натпревари, случај кој го загуби и на судот за спортска арбитража (ЦАС).

„Дисциплинската комизија на УЕФА размислува за вистински дисциплински мерки кои треба да ги преземе околу овој случај“ –истакна Емилио Гарсија, функционер во дисциплинската комисија и најави нова казна.

Во рамки на меѓународната сцена, УЕФА се сомнева дека Скендербег наместил два натпревари од квалификациите за ЛШ, два од групната фаза во Лига Европа во 2015 година како и повеќе од 50 во домашното првенство.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.