УЕФА покрена дисциплинска: Вардар ќе одговара дури по пет точки од дисциплинскиот правилник!

УЕФА и официјално соопшти дека е покрената дисциплинска постапка против македонскиот шампион Вардар поради лоша организација на реванш натпреварот од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите против Малме на стадионот „Младост“ во Струмица.

Во официјалниот извештај на делегатот се наведени бројни забелешки околу организацијата на натпреварот, па на крајот сумирано Вардар ќе одговара дури по четири точки од дисциплинскиот правилник на УЕФА, и по една од правилникот за безбедност на меѓународни натпревари.

disciplinska protiv Vardar

„Црвено-црните“ пред Дисциплинецот ќе одговараат за фрлање предмети од страна на навивачите, за вознемирување на службени лица од страна на толпа, за невкусни скандирања како и за употреба на пиротехнички средства. Од правилникот за безбедност на УЕФА ќе биде поведена и постапка за блокирање на скалилата на трибината на стадионот „Младост“. Одлуката околу висината на казната на Вардар ќе биде донесена на 28. јули.

IMG_5362

Но, она што е поважно, сите проблеми кои се појавија на натпреварот меѓу Вардар и Малме само дополнително ставаат прашалник на можноста да се продолжи со одигрувањето европски натпревари на стадионот „Младост“ кој објективно не обезбедува ниту минимални безбедносни услови за ваков ранг на натпреварување.

Од УЕФА, иако сакаат да прогледаат низ прсти само поради фактот дека „Телеком арената“ во Скопје мора да се чува за Суперкупот на 8. август, потврдуваат дека дополнително ќе бидат разгледани сите варијанти за одигрување на следните европски натпревари. Иако, „Младост“ не исполнува услови за натпревари од 3. квалификациско коло за ЛШ, од УЕФА претходно беа подготвени со корекција на одредени пропусти да се дозволи одигрување на евентуален дуел со Копенхаген. Но, по натпреварот со Малме сето тоа е под знак прашалник!?

Се вчитува...