УЕФА со најголема казна во историјата – настрада Скендербег

УЕФА го загуби трпението со поранешниот албански шампион Скендербег изрекувајќи му на овој клуб најжестока казна во историјата на европската куќа на фудбалот.

Албанските медиуми утрово повикувајќи се на документ од УЕФА објавија дека Скендербег ќе мора да плати парична казна од еден милион евра, а згора на тоа ќе биде и суспендиран на десет години од сите европски натпреварувања. Причината е  – местење на натпревари.

Казната е драконска бидејќи станува збор за прекршување на противникот, па откако беше исфрлен од страна на УЕФА во 2015 година овој тим го повтори престапот, по што следеше соодветна реакција од страна на европската куќа на фудбалот.

Се вчитува...