Украдениот дрес на Том Брејди пронајден – во Мексико

Кога ќе се заангажира целата полициска логистика во Тексас, па згора на тоа ќе помогне и дел од ФБИ, јасно е дека може да се најде буквално се што ќе се посака. Американските власти вечерва се пофалија дека е пронајден дресот на Том Брејди, кој беше украден за време на прославата по освојувањето на Супербоул.

Брејди неколку часа по добивањето на МВП трофејот шокирано откри дека останал без дресот што го носел на фантастичниот натпревар што Њу Ингланд го доби против Атланта, по што американските власти покренаа детална истрага – за на крајот да го најдат дресот во Мексико.

Со оглед на фактот дека дресот беше проценет на околу 500.000 долари, веднаш беше оценето дека станува збор за тешка кражба што стана наш приоритет. Со гордост можеме да објавима дека украдениот предмет е пронајден и ќе му биде вратен на сопственикот“ – објавија одговорните лица од полицијата во Тексас.

Неофицијално, кражбата била извршена од страна на новинар кој не доаѓал од САД и успеал покрај споменатиот дрес да одземе и уште неколку „сувенири“ од соблекувалната на Њу Ингланд петриотс.

Во меѓувреме, американските медиуми објавија и кратко видео икористено од властите за фаќање на крадецо, на кое  се гледа лицето како влегува во соблекувалната, а потоа и како излегува со предмет ставен под левата рака.

Се вчитува...