Ултиматум за Монтела: Победи на следните три натпревари или отказ

Тренерот на Милан, Винчензо Монтела доби ултиматум од управата за да ја спаси работата во клубот, известуваат италијанските медиуми. Неговиот состав мора да издвои три победи во следните три натпревари, во спротивно „росонерите“ ќе се одлучат за друга опција на тренеската позиција.

Милан е без триумф на последните три првенствени натпревари. Врза три порази во низа, од Сампдорија, Рома и Интер во неделното градско дерби, па раководството го губи трпението со италијанскиот стратег, очекуваат брзо опоравување.

Седумкратниот европски шампион во четврток има закажана средба со АЕК во групната фаза во Лигата на Европа, потоа следуваат пресметките во Серија А, прво против Џенова на Горан Пандев, а потоа гостување во Киево. Кон крајот на овој месец Милан  ќе го пречека шампионот Јувенстус на свое тло, па евентуален пораз ќе значи и отказ за Монтела.

Се вчитува...