Унаи Емери се премисли, Обамејанг не доаѓа во ПСЖ

Трансферот на Пјер Емерик Обамејанг во ПСЖ веќе извесно време беше близу до реализација, но францускиот првак денеска ги прекина преговорите со Борусија Дортмунд откако тренерот Унаи Емери ставил до знаење дека нема да му биде потребен нов голгетер во тимот за следната сезона.

Во ситуација кога Кавани „експлодираше“ добивајќи слобода по заминувањето на Ибрахимовиќ, Емери не сака ризикува повторно да дојде до сериозен пад во формата на Уругваецот. Токму затоа, тој им порачал на челниците на ПСЖ дека воопшто нема потреба од нов голгетер, туку приоритет на францускиот вицепрвак треба да биде ангажман на нов врвен играч за врска.

Весникот „Билд“ открива дека челниците на Борусија се разочарани од несериозноста на ПСЖ, па веќе почнале да ги разгледуваат останатите понуди што ги добиле за својот најдобар фудбалер. Пеп Гвардиола исто така се откажа од намерата да го доведе Обамејанг во Манчестер сити, Милан во меѓувреме се засили со Андре Силва, па најреална опција за голгетерот од Габон во моментов е преселба во далечната Кина, каде раководството на Тианџин му понуди неверојатно плата од 40 милиони евра по сезона.

Се вчитува...